ЕЛЕМ интензивно ја гради ХЕЦ „Св.Петка“

Bez autora
Dec 23 2010

Во ХЕЦ „Св. Петка“ или „Матка 2“ на Треска, ЕЛЕМ континуирано и динамично ги врши градежните работи, соопштуваат од компанијата. Во тек е изградбата на телото на браната, а паралелно со тоа се одвиваат градежно- монтажните работи и на другите објекти. Изградбата на објектот се одвива со задоволителна динамика и со соодветен квалитет за објекти од овој вид. Со овој хидрокапацитет ќе се добие дополнително производство на струја од 66 гигават-часа годишно, додека неговата инсталирана моќност е 36,4 мегавати. Hадзорните инженери и натаму професионално и внимателно ќе ја следат изведбата на објектот и монтажата на опремата и доколку утврдат отстапување од стандардите ќе преземат мерки. За потсетување, хидроцентралата требаше да биде пуштена во работа уште во март 2009 година. Според договорот со изведувачот, словенечки „Рико“, се работи по принципот клуч на рака. Што значи дека хидроелектраната ќе биде во рацете на ЕЛЕМ, како нејзин инвеститор, штом „Рико“ целосно ги исполни условите од договорот.

ЕЛЕМ интензивно ја гради ХЕЦ „Св.Петка“Во ХЕЦ „Св. Петка“ или „Матка 2“ на Треска, ЕЛЕМ континуирано и динамично ги врши градежните работи, соопштуваат од компанијата.

Во тек е изградбата на телото на браната, а паралелно со тоа се одвиваат градежно- монтажните работи и на другите објекти.

„Изградбата на објектот се одвива со задоволителна динамика и со соодветен квалитет за објекти од овој вид. Со овој хидрокапацитет ќе се добие дополнително производство на струја од 66 гигават-часа годишно, додека неговата инсталирана моќност е 36,4 мегавати“, информираат од ЕЛЕМ. Додаваат дека надзорните инженери и натаму професионално и внимателно ќе ја следат изведбата на објектот и монтажата на опремата и доколку утврдат отстапување од стандардите ќе преземат мерки.

За потсетување, хидроцентралата требаше да биде пуштена во работа уште во март 2009 година. Според договорот со изведувачот, словенечки „Рико“, се работи по принципот клуч на рака. Што значи дека хидроелектраната ќе биде во рацете на ЕЛЕМ, како нејзин инвеститор, штом „Рико“ целосно ги исполни условите од договорот.

„Во договорот за финансирање и изградба јасно се предвидени максимални пенали што се активираат кога ќе има услови за тоа. За доцнењето на изградбата, како што претходно информиравме, изведувачот „Рико“ е во повеќе наврати известен и е писмено опоменат од ЕЛЕМ. Наплатата на пеналите ќе биде во целост усогласена со правилата и обврските од договорот“, потсетуваат од ЕЛЕМ.

Одговорните од ЕЛЕМ и од „Рико“ не кажуваат за причините поради кои се доцни со изградбата на оваа ХЕЦ и дали досега воопшто е активирана наплатата на пеналите од страна на ЕЛЕМ поради неиспочитуваните рокови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik